Изборот на претстојните избори ќе биде помеѓу борбата за иднината со СДСМ и заглавување со ДПМНЕ, помеѓу надеж и откажување, велат од СДСМ.
„СДСМ е подготвена за нова победа на изборите. Тоа ќе биде победа на надежта, победа на визијата, на желбата за подобро утре, победа на европска Македонија. Народот не сака да биде повторно заглавен, со наведната глава и да чека нови 11 години во изолација“, дополнуваат од СДСМ.
Како што посочуваат, граѓаните сакаат напредок, поголеми плати и пензии и европски животен стандард.
„Со СДСМ е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина – членство во ЕУ. Сега кога сме на чекор до ЕУ не смееме да се откажеме. Само заедно, СДСМ и народот, ќе ја придвижиме Македонија кон ЕУ“, завршуваат од СДСМ.