Италијанскиот креатор на парфеми Теренци ексклузивно во Скопје ги промовираше своите брендови


Паоло Теренци, италијанскиот креатор на „Тицијана Теренци“ („Tiziana Terenzi“) и „Квинто Канто“ („V Canto“), кои се дел од „Ниш“ („Niche“) парфемите, во парфимеријата „Анабела“ во Скопје презентираше како ги создава неговите парфеми.

Филозофијата на Теренци е дека убавината треба да биде компонирана.

Промовирајќи ги парфемите, ја раскажа семејната историја и традиција, на која што е многу горд, истовремено, делумно го откри процесот на создавање на крајниот производ, мирисот кој претставува ново сензорно искуство на неговите гости.

Секој парфем е изработен од природни состојки, многу внимателно одбрани за време на сите негови патувања. Во неговата библиотека на мириси, има од 200 до 300 кои ги употребува постојано, правејќи нова композиција на мириси на кои никој не останува рамнодушен.

Во Скопје, Теренци преку комуникација со присутните подготвуваше парфеми по нивни вкус. Во парфемот наменет за младиот тим на МИА, доминира свежиот јасмин, препорачлив за „совршен ноќен состанок“.

Приказната на брендот „Тицијана Теренци“ почнува од 1968 година, но истoријата на создавање мириси датира многу порано, кога Гиљелмо Теренци и Луиџија Манчинин Теренци го основале семејниот бизнис, кој го наследува таткото на Паоло Теренци, Евелино. По неговата смрт, традицијата за создавање на парфеми ја продолжуваат Тицијана Теренци, која е дизајнер на целиот имиџ на брендот и Паоло Теренци, кој е креатор на сите мириси во овој бренд.

Вести

Законот на ЈО во август, ако се постигне консензус

Владата вчера на седница го усвои Предлог-законот за Јавното обвинителство и донесе одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка. На предлог на Министерството за правда Владата прифати […]

Вести

Хан и Рикер доаѓаат во Скопје на средби со државниот врв и со опозицијата

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре доаѓа во Скопје на средби со државниот врв и со лидери на политички партии. Хан ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со лидерот […]

Вести

Јанева негира вмешаност во „Рекет“, тврди дека некој со сите сили сака да го урне СЈО

Специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева вчера на прес-конференција негираше дека е вмешана во случајот „Рекет“. Обвини дека против неа и нејзиното семејство се води хајка уште од самото стапување на функцијата, со цел нејзина […]