Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје денеска со свечена академија ќе одбележи 70 години од основањето и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков.
Како што е најавено, на академијата ќе се обратат претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Јованова-Грујовска.