Инспекторите и полицијата на терен, со отстрануваат дивата населба и отпадот под Железничка


Со заедничка акција во која учествуваат екипи на Инспекторатот на Град Скопје, Центарот за социјални работи на град Скопје, Министерството за внатрешни работи и ЈП „Улици и патишта“ денеска се отстранува дивата населба и сметиштето под Железничката станица.

Од раните утрински часови, со механизација се отстранува импровизираното картон-маало формирано на паркиралиштето под Железничка, како и натрупаниот отпад, купиштата пластична амбалажа и стариот мебел што го нагрдуваат овој јавен простор и претставуваат извор на загадување. Со оваа акција во пресрет на сезоната со зголемено загадување се става крај и на огновите на отворено кои често гореа во оваа дива населба и го загадуваа воздухот.

На двете семејства кои живееја во импровизираните живеалишта под Железничката станица, без основни хигиенски услови и опкружени со смет, Центарот за социјални работи им понуди алтернативно сместување во текот на зимскиот период.

По отстранувањето на дивата населба, овој јавен простор ќе се расчисти. Во наредниот период комуналните редари од Град Скопје и екипи на МВР ќе вршат чести контроли на оваа јавна површина за да не се дозволи повторно формирање на ваква импровизирана населба под Железничката станица.

„Ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат во борбата против загадувањето на воздухот и сите случаи на палење огнови на отворено да ги пријават во кол-центарот, на телефонскиот број 193. Градот Скопје преку својот Инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, во борбата против огновите на отворено, како една од мерките за намалување на аерозагадувањето во Скопје“, се вели во соопштението.


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*