Хоспиталзирани вкупно 1641 ковид-пациент, има околу 380 празни болнички кревети


– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1641 и има околу 380 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здарвство.


 

Во ковид центрите во Скопје, во изминатите 24 часа се хоспитализирани 68 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 689 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните и хируршки клиники имало 32 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле  билe примени тројца нови болни, а осум пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени тројца пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 64 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 286 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има 23 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 53 болни.

Вкупно 689 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови на инфективните оддели и во болниците во Скопје е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Во ковид центрите во болниците низ земјава, пак, во изминатите 24 часа, според соопштението од МЗ,  е пријавено дека се лекуваат вкупно 952 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 93 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 88 болни, а во Куманово 103 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 107 во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 19 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 104 пациенти, во Кочани 25 во Кичево 35, Кавадарци 58, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.