Грковска – Гир: Политиките за добро владеење се клучни за пристапувањето во ЕУ и за развој на општеството

Грковска-–-Гир-Политиките-за-добро-владеење-се-клучни-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа средба со шефот на мисијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, на која се разговараше за активностите кои ги спроведува Кабинетот кој таа го предводи и за низа актуелни прашања поврзани со реформските процеси, кои се клучни за пристапување кон ЕУ и се основа на севкупниот развој на општеството.


Вицепремиерката Грковска го информираше амбасадорот Гир за новата Стратегија за транспарентност на Владата, која беше подготвена во соработка со граѓанскиот сектор, како и за измените на Законот за рестриктивни мерки и финализацијата на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка.

На средбата стана збор и за активностите поврзани со дигитализацијата, процес кој вицепремиерката Грковска го координира, за активностите на Националниот совет за дигитална транформација на општеството, како и за потребата од креирање одржлив систем за координација на донаторската помош.

Во однос на регионалната соработка, Грковска на средбата информираше дека во тек е регистрација на Регионална академија за добро владеење со седиште во Скопје, која се формира во соработка и со поддршка на Советот на Европа, како и за досегашните активности на Форумот на жени лидери од ЈИЕ за добро владеење и антикорупција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK