„Грижата за туѓото здравје е грижа и за своето“ – Онлајн дискусија


„Грижата за туѓото здравје е грижа и за своето“ – Онлајн дискусија - МИА

Скопје, 26 јуни 2020 () – ХОПС – Опции за здрав живот денеска организира онлајн дискусија насловенаГрижата за туѓото здравје е грижа и за своето“, како дел од кампањата Support. Don,t Punish.

Зошто е потребно да постојат програмите за намалување на штети од употреба на дроги, колку животи спасуваат овие програми, дали Владата и некои од општините ќе останат на определбата за нивно финансирање, дали иницијативата на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје за зголемено финансирање на овие програми преку средствата кои Министерството за здравство ги добива од акцизите за алкохол, пиво и цигари ќе добие поддршка од министерството, се само дел од прашањата кои ќе бидат дискутирани на онлајн разговорот.

Како што е најавено, на дискусијата ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче, Елеонора Панчевска Николовска, раководител на Одделението за социјална, детска и здравствена заштита при Секторот за јавни дејности на Град Скопје, Влатко Деков, менаџер за застапување во ХОПС, Владимир Микиќ од Институт за јавно здравје и одговорен за мониторинг на Програмите за намалување на штети и правничката и адвокатката Наташа Бошкова како модератор.


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*