Граѓаните уште денеска имаат рок да ги потврдат или коригираат даночните пријави


УЈП ќе ги презентира условите за ослободување од аконтации на данок на добивка и на личен доход - МИА

Скопје, 31 мај 2020 () – Граѓаните уште денеска ќе можат да ги потврдат или да ги коригираат годишните даночни пријави. Ако тоа не го сторат, од 1 јуни Управата за јавни приходи ќе ги смета даночните пријави за конечни.

-По истекот на законскиот рок на 1 јуни 2020 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, а службено ќе бидат потврдени и оние Годишните даночни пријави, кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту коригирани, информираат од УЈП.

Годишната даночна пријава за 2019 година која граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на Решение за утврдување на данокот на доход за 2019 година.

Пријавата ги содржи сите приходи на лицето по основ на редовни приливи односно плата или пензија и приходите од дополнителна дејност. Граѓаните потврдата или корекцијата можат да ја направат преку своите кориснички профили на системот е-Персонален данок

Управата за јавни приходи ги подготви и до граѓаните ги достави Годишните даночни пријави за 2019 година на 10 мај годинава.

 


За гласање пријавени 697 позитивни на Ковид-19 и лица во самоизолација и 9020 немоќни и хронично болни - МИА
Вести

Уште три дена предизборна кампања, и „Можеме“ и „Обнова“ ветуваат дека по 15 јули доаѓаат најдобрите четири години

Скопје, 10 јули 2020 () – Предизборната кампања завршува на 12 јули во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк, а дотогаш политичките партии и ко на средби со граѓаните се обидуваат да им […]

КОВИД-пандемијата не стивнува, болничките капацитети доволни за прием на пациенти - МИА
Вести

КОВИД-пандемијата не стивнува, болничките капацитети доволни за прием на пациенти

Скопје, 10 јули 2020 () – Тројца починати и нови 168 регистрирани случаи, беше вчераниот КОВИД биланс во земјава. Пандемијата не стивнува, надлежните уверуваат дека болниците имаат доволно капацитет за да ги примат пациентите. Досега […]

Вести

Уште три дена предизборната кампања, и „Можеме“ и „Обнова“ ветуваат по 15-ти јули доаѓаат најдобрите четири години

Скопје, 10 јули 2020 () – Предизборната кампања завршува на 12 јули во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк, а дотогаш политичките партии и коалициите учесници во предвремените парламентарни избори интензивно на средби […]