Градежниот отпад да не се исфла во контејнери, апелираат од ЈП „Комунална хигиена“

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје денеска упати апел до граѓаните дека отпадот којшто се создава при извршувањето на градежните активности или реновирањето на нивните живеалишта, не смеат да го одлагаат во садовите за отпад поставени на јавни површини.

-Овој вид отпад може трајно да ги оштети специјалните комунални возила и со тоа да предизвика значителна финансиска штета на Претпријатието, како и проблеми при собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот. Садовите поставени од страна на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, без разлика дали станува збор за надземни или подземни контејнери, канти или корпи за отпадоци, се наменети исклучиво за одлагање на комунален отпад, наведуваат од Јавното претпријатие.

Апелот следи откако екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на денот отстранија 10 вреќи со градежен отпад исфрлени во контејнерите на улицата „Лондонска“, во скопската општина Карпош.

-Апелираме до граѓаните совесно да постапуваат со својот градежен отпад, истиот да не го исфрлаат ниту на јавните површини, затоа што на тој начин се создаваат диви депонии коишто ја загадуваат животната околина. Според Законот за јавна чистота, граѓаните на Скопје се должни градежниот отпад да го одложат директно во депонијата „Дрисла“, посочуваат од Јавното претпријатие.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]