Гоце Панговски: Документ со кој требало да се обединат сите Македонци и македонски револуционерни сили во заедничка борба за постигнување на целта, обединета и независна Македонија


Пред точно 97 години, на денешниот ден, 6 мај, 1924 г. во Виена, Австрија е потпишан т.н. „Мајски Манифест“.
Документ со кој требало да се обединат сите Македонци и македонски револуционерни сили во заедничка борба за постигнување на целта, обединета и независна Македонија.


 

За жал до тоа не дошло, по што декларативното откажување од потпишаното во Манифестот не го спасило Тодор Александров од тоа неколку месеци подоцна да биде убиен. Потоа следуваат серија убиства меѓу Македонците што траеле со години.
1. На првите скенови е содржината на „Мајскиот Манифест“ од:
УКИМ ФЗФ и ИНИ „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, Том 2, Скопје, 1981, стр. 88-94.
2. Нечитлив скен од оригиналот и факсимил од почетокот на објавениот документ.
3. Како дошло до потпишувањето на „Мајскиот Манифест“ од:
Зоран Тодоровски „Автономистичката ВМРО на Тодор Александров (1919-1924)“, Макавеј, Скопје, 2013, стр. 225-232.