Гир: Дивоградбите покрај Охридското езеро треба да се отстранат


Гир за МИА: Се надевам на скорешно одржување на првата меѓувладина конференција, билатералните договори да се применуваат во добра атмосфера - МИА

На дивоградбите не им е местото покрај Охридското Езеро и треба да се отстранат, напиша денеска на Твитер амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.


 

Евроамбасадорот смета дека уникатното природно и културно богатство во регионот – признато од УНЕСКО – мора да се зачува.

–Заштитувајќи го наследството на Охрид сега, ние исто така инвестираме во работни места и во угостителската индустрија денес и утре, пишува Гир на твитер.