Гимназијата „Алгоритам“ донираше медицинска опрема на Клиниката за инфективни болести и „8-ми Септември“


Гимназијата „Алгоритам“ донираше медицинска опрема на Клиниката за инфективни болести и „8-ми Септември“ - МИА

Скопје, 22 мај 2020 () – Наставниот кадар и учениците од гимназијата „Алгоритам“ донираа медицинска опрема на Клиниката за инфективни болести и Општата болница „8-ми Септември“.

Како што соопшти денеска гимназијата, иницијативата потекна од учениците и професорите кои собраа средства за да се набават маски N95 со високо ниво на заштита, 1.000 интравенски канили од типот B. „Braun Vasofix Safety IV Catheter“ со заштитен дел против несакани убодии магнетни табли за побезбедна комуникација меѓу докторите и пациентите.

-Сметаме дека во вакви моменти сите мораме да помогнеме колку што можемеи активно да учествуваме во процесот на враќање на ситуацијата во нормала. Особено сме горди што оваа иницијатива произлезе и се спроведе од учениците, рече директорката на училиштето, Марина Божинова.

Од гимназијата посочуваат дека ова не е им е прва ваква иницијатива. И претходно, како што соопштија,  организирале акции за помош на различни групи граѓани.


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]