ФЗОМ: Лицата со повисоки приходи наместо досегашната основица од 100 отсто ќе плаќаат придонес за задолжително здравствено осигурување на пониска основица


Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека и годинава продолжува автоматската пререгистрација на лицата со ниски и повисоки примања, со цел да имаат континуитет во здравственото осигурување. Тие, како што се посочува, нема потреба да дојдат во подрачната служба на Фондот да се пререгистрираат односно нивното здравствено осигурување автоматски ќе се продолжи, со исклучок на осигурениците кои имаат промена во однос на остварениот приход.

Во врска со новите лимити за здравствено осигурување согласно нето приход остварен во 2018 година од Фондот наведуваат дека до 145.980 денари, како и од 145.980 денари до 216.102 денари ако во последните два месеца оствариле вкупен приход помал од 24.330 денари – здравственото осигурување е на товар државата, односно Министерството за здравство плаќа придонес за здравствено осигурување.

-Од 145.980 денари до 216.102 денари – здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 50 отсто на просечната плата односно, плаќа 1.333 денари месечно придонес, над 216.102 денари – здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 50 отсто на просечната плата односно плаќа 1.333 денари, месечно придонес. Како приходи на семејство се сметаат личните и приходите на членовите на носителот на здравственото осигурување (брачен другар, деца), истакнуваат од Фондот.

Потенцираат дека со измените и дополнувања на Законот за придонеси од задложително социјално осигурување објавени во Службен весник, лицата со повисоки примања нема да имаат повеќе обрска да плаќаат придонес за задолжително здравствено осигурување на 100 отсто основица на просечната плата во Републиката објавена во јануари во тековната година, туку основица за пресметка на придонес за задолжително здравствено осигурување за оваа категорија на осигуреници е 50 отсто од просечната плата во Републиката објавена во јануари во тековната година. Оваа законска поволност ќе ја користат 462 осигуреници.

Осигурени лица кои имаат решение да плаќаат придонес на 100 отсто основица за пресметка и плаќање на придонес, а тоа е просечната плата во Републиката објавена во јануари во тековната година според податоците од Државниот завод за статистика, посочуваат од ФЗОМ, ќе се пререгистрираат по службена должност за што ќе добијат ново решение со кое осигуреникот ќе се презадолжи со новата основица со тоа што од 100 отсто, истата ќе се намали на 50 отсто основица за пресметка и плаќање на придонес од просечната плата. Притоа овие лица нема потреба да доаѓаат на шалтерите во подрачните служби на Фондот.

Лицата кои ќе поднесат ново барање за утврдување на својство на осигурено лице од утре согласно член 5 став 2 од Законот за здравствено осигурување односно во делот од образецот на барање БОЛ-Н во делот лица со повисоки примања ќе ја заокружат точката 2 ќе добијат решение со кое ќе се задолжат за уплата на придонес за здравствено осигурување на 50 отсто основица од просечната плата, наведуваат од Фондот.

Во врска со начинот на регистрација/пререгистрација на лица со ниски и повисоки приходи за кои нема законски измени, од Фондот појаснуваат дека на осигурениците на кои автоматски ќе им се продолжи здравственото осигурување и немаат промена во однос на лимитот на остварен приход, нема да добиваат нови решенија по пошта.

Лицата кои првпат поднеле пријава за здравствено осигурување во текот на месец јануари 2019 година потребно е да дојдат на шалтерите во Фондот повторно да  се пријават од 1 февруари до 31 март, согласно сегашните објавени законски лимити, бидејќи истите во однос на остварените приходи за 2018 година се зголемени, со цел  да го остварат правото на здравствено осигурување. Лицата кои имаат промена во висината на нето приходите за минатата 2018 година, потребно е да дојдат во подрачните служби на Фондот од 1 февруари до 31 март оваа година и да донесат документи за нова пререгистрација.

Доколку се утврди дека осигуреното лице спаѓа во друга категорија со повисоки приходи, а не пријавило дека има приходи и користело здравствени услуги, Фондот по службена должност ќе донесе решение за престанок на својството на осигурено лице, со што му се укинуваат правата од задолжителното здравствено осигурување, освен правото на итна медицинска помош. Овие лица на кои нема да им се продолжи здравственото осигурување поради повисоки приходи од наведените лимити ќе треба да дојдат во подрачната служба да го регулираат своето здравствено осигурување.

За сите подетални информации поврзани со проектот за регистрација/пререгистрација на невработените лица, осигурениците може да се обратат на бесплатната инфо линија 080033222 или на мејот: info@fzo.org.mk како и на веб страницата www.fzo.org.mk во делот на пререгистрација на лица со ниски примања, информираат од ФЗОМ.

Вести

Се актуелизираат помилувањата на Иванов од 2016

Уривање на правната држава, на принципот на владеење на правото и директен удар на демократијата. Вака државните претставници и правните експерти ги оценуваат можните последици што може да ги предизвика евентуалната одлука на Уставниот суд […]

Вести

„Сакаме да дишеме“, марш за чист воздух во Скопје

Со транспаренти „Животот пластичен не е фантастичен”, „Правдата пред профитот”, „Сакаме да дишеме“, граѓаните на марш пред Владата им порачаа на надлежните дека треба да се грижат за чистиот воздух и здравјето, многу повеќе отколку […]

Вести

Ангел Димитров: Нема договор за Гоце Делчев

Тензиите кои постојат во нашата работа изминативе месеци не стивнуваат, вели Ангел Димитров, копретседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања формирана согласно Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија […]