Жената од Австрија која попладнево со хеликоптер беше спасена по пад на Попова Шапка е во добра општа здравствена состојба.
Таа се повреди кај месноста „Орлов Камен“. Поради сериозноста на повредата и податокот дека претходно имала операција на рбетниот столб и на него имала вградена метална шипка со штрафови, било одлучено до Скопје да биде пренесена со хеликоптер.
Како што претходно објави ЦУК, директорот Стојанче Ангелов бил во директна комуникација со спасителите, кои му кажала дека на повредената од почетокот на спасителната акција и е пружена прва помош, соодветно била покриена со фолија за да и се зачува топлината.