Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за општествени истражувања МК91 спроведоа online настан: Трансатлантските односи под новата американска администрација: Импликации врз глобалната улога на Европа и проширувањето на ЕУ


Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за општествени истражувања МК91 го спроведоа настанот „Трансатлантските односи под новата американска администрација: Импликации врз глобалната улога на Европа и проширувањето на ЕУ“. Настанот се одржа online преку платформата Zoom.


 

На настанот учествуваа Тинко Вајбезал, директор за Северен Атлантик, Оддел за европска и меѓународна соработка – фондација „Конрад-Аденауер“, Ереми Стерн, нерезидентен сениор соработник – Атлантски совет, Антонио Милошоски, пратеник и претседател на Комисијата за надворешна политика и Никола Попоски, поранешен министер за надворешни работи.

Настанот го отворија Даниел Браун, официјален претставник на фондацијата „Конрад-Аденауер“ и Васко Наумовски, претседател на Институтот за социјални истражувања – МК91 и поранешен амбасадор на Македонија во САД.

Темите кои што беа опфатени со настанот беа враќањето на САД на глобалната сцена, повторниот ангажман на САД со Европа и консолидацијата на алијансата кои што неизбежно ќе влијаат на регионот на Балканот, како и процесот на проширување на ЕУ, регионалната соработка и улогата што ја имаат другите земји во регионот.

Тинко Веибезахл изјави дека се соочуваме со слична ситуација како кога Барак Обама беше избран за Претседател на САД и имавме високи очекувања за американската администрација во врска со Европа и Балканот. Тој смета дека Европа и Германија треба да прифатат поголема одговорност за своите внатрешни работи, безбедноста, НАТО и трошоците и напорите во одбрана на Европа.

Со промената на администрацијата во САД, ќе има големо влијание врз реазговорот со Европската Унија, но и со земјите од Западен Балкан. Тонот може да биде и полош од оној со Трамп. Според него, ЕУ е во криза сама по себе без дискусии со САД, тоа се криза на делегитимитет и криза на различни идеи, во која насока да се движи и кои се клучните цели, додека пак САД многу пати покажа дека може да се реформира, постојано се менува, пред се и со изборот на различните претседатели.

Антонио Милошоски нагласи дека во времето додека бил Министер за надворешни работи, при остварувањето на средбите со грчките колеги, Дора Бакојани кажала дека грчката стратегија во регионот е дека Македонија нема да стане држава членка на ЕУ пред да стане Србија.

„Ова е пред 10 години. Сметам дека оваа грчка стратегија, можеби ќе стане и повторно актуелна со сите случувања кои што се случија во ЕУ и на Балканот. Државите членки на ЕУ треба да размислуваат како да применат временска рамка за регионот, за да може да стане дел од ЕУ“, истакна Милошоски.

За Никола Попоски е прерано за да се види како ќе реагира САД сега кога се врати на сцена и каде ќе бидат клучните фокуси, за што тој смета дека нема да има драматични потези со ЕУ и Евроазија.

Тој истакна дека НАТО треба да се реинвентира, според стариот стил на безбедносната политика. Во однос на проширувањето на ЕУ, Попоски смета дека мора да се внимава затоа што проширувањето на ЕУ со ранливи членки покренува прашалник за капацитетот за владеење со правото во Европската Унија, иако смета дека ЕУ без Балканот е тешко да постигне раст.

Попоски истакна и дека просечниот македонски граѓанин веќе не верува во ЕУ поради премногуте лажни ветувања досега во Македонија, за што се надоврза на ветувањата за бесплатното здравство ветувано во кампањите за ЕУ, за сега да имаме најголема здравствена КОВИД-19 криза без нивна помош.