ФОН од денеска Американски универзитет на Европа – ФОН


ФОН од денеска Американски универзитет на Европа – ФОН - МИА

Скопје, 16 април 2020 () – Првиот приватен универзитет ФОН од денеска и официјално го менува своето име во Американски универзитет на Европа – ФОН (American University of Europe – FON ), AUEFON, соопштија од Универзитетот.

Овој процес, како што посочуваат, е проследен со соодветни акредитации во државава, како и меѓународни акредитации во Европа и во САД согласно највисоките образовни стандарди.

Од Универзитетот истакнаа дека промените ги најавиле уште на почетокот на годинава на меѓународниот симпозиум по повод денот на образованието 24 јануари, кога беше промовиран и новиот одбор за доверба (board of trustees) во кој учествуваат доктори на науки, професори, добитници на Нобелова награда, поранешни и сегашни раководители на значајни глобални институции, како што се УНЕСКО, ММФ…, сегашни и поранешни министри за образование на Франција, Гвинеја, Буркина Фасо, Доминиканска Република, светски реномирани научници, поранешни тренери и спортисти, фондации и бизнисмени.


Николоски: На лидерската покрај здравствената криза да се разговара и за условувањата од Бугарија - МИА
Вести

Николоски: Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и […]

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка - МИА
Вести

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Скопје, 9 јули 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во […]

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]