Фокус: Кој е црногорскиот бизнисмен што сакаше да гради „урбана џунгла“ во Тетово?


Писмо на бизнисменот Давидовиќ во врска со објавениот разговор меѓу него и Кичеец - МИА

Со вчерашната одлука на новото мнозинство во Советот на Општина Тетово, составено од БЕСА, АА, ВМРО и „Зелените“, да се суспендира Деталниот урбанистички план за просторот во рамки на фабриката „Шик Јелак“, практично, барем засега, се спречува црногорскиот бизнисмен Миоград Давидовиќ – Дака да изгради триесетина станбени и деловни објекти, откако преку офшор фирма од Панама стекна земјиште од околу 6 илјади квадратни метри.


 

За потсетување, Давидовиќ-Дака стана актуелен во земјава по објавувањето на разговорот со Зоран Милески-Кичеец на средината на 2020 година. Имено, двајцата ги запознал угледен белградски бизнисмен кон крајот на 2016 година, кога Дака одлучил да го ангажира Кичеец како посредник во деловни зафати во земјава, бидејќи, според зборовите на Дака, Кичеец му бил препорачан како „сериозен деловен човек од Македонија“.

Арно ама, Дака потоа јавно се пожали дека Кичеец не успеал да му заврши никаква работа. Единствено што сторил Кичеец, посочи Дака, е што му организирал состанок со премиерот во заминување Зоран Заев, пред кого ги изложил неговите планови во врска со изградба на мини хидроелектрана и паркови на енергија на ветер на локација во Штип. Потоа, Заев го препратил кај тогашниот владин генсек Драги Рашковски…

Во разговорот што беше објавен на интернет меѓу Дака и Кичеец, се споменуваат 300.000 евра и 2.000 квадратни метри што бизнисменот требало да ги даде за реализација одредени бинис-интереси земјава. Во реакцијата по повод објавената „бомба“, Дака објаснува дека парите ги дал за ангажманот на Кичеец, а не за подмитување. Сепак, тој ништо не кажа за квадратите, ниту, пак, ги појасни плановите за другите акивности што ги споменува во снимениот разговор.

Целата вест прочитајте ја на ФОКУС