ФИНКИ го одржа првиот час за академската 2019/20120, запишани 1.062 студенти



На ФИНКИ оваа академска година се запишаа 1.062 студенти и тоа во услови кога бројот на матуранти во државата се намали на нешто околу 15.500. Денеска тука се една четвртина од студентите на најстариот и најдобиот Универзитет во државата „Св. Кирил и Методиј“, истакна деканот на Факултетот за информатичи науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Иван Чорбев, на, како што рече, првиот академски час на најголемиот факултет во Југоисточна Европа.

Пред студентите, тој нагласи дека е убеден оти меѓу нив седат идни технолошки лидери, креатори на новите технолошки чуда на 21-от век со кои нашата земја утре ќе се гордее.

– Една од основните цели кои ги посакавме на ФИНКИ е да им овозможиме на нашите студенти да добијат реално знаење кое е употребливо директно во науката, но особено во индустријата и во општеството, рече Чорбев.

Тој наведе дека тимот на професори и асистенти на ФИНКИ е гарант дека студентите ќе имаат квалитетно и врно образовение.

– Факултетот постои за студентите. Целта која си ја поставивме, не е само да едуцираме извонредно добри кадри, кои без проблем ќе најдат работа во македонските и во светските Ај-Си-Ти компании. Наша цел е да едуцираме студенти кои ќе бидат храбри да започнат свој бизнис. истакна деканот на ФИНКИ.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски и директоркaта на Комората за ИКТ, МАСИТ, Анита Никова им порачаа на студентите да учат, да бидат успешни и нивното знаење да го применат во земјава.

Тие се осврнаа на проблемот со иселувањето на млади и паметни луѓе, при што ги советуваа студентите да се охрабрат, да дискутираат, да соработуваат и по завршувањето на студитее да отворат сопствен бизнис во земјата.


Од среда почнува предвремена исплата на мајската пензија - МИА
Бизнис и економија

Втора шанса за одложување на плаќање на кредитите бараат 20 до 30 отсто од тие кои веќе ги одложиле обврските

– Дваесет до 30 проценти од граѓаните што ја искористија можноста за одложување на плаќање на ратите на кредитите во првиот период, кој почна од април и трае до крајот на овој месец, побарале да […]

Вести

Бројката на новодијагностицирани стабилизирана на околу 10 отсто од тестираните, засега нема потреба од нови мерки

– Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.559 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починат е пациент од Скопје на возраст од 79 години. Регистрирани се 94 оздравени […]

Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 32.885.863 лицe. Од нив починале 995.352 пациенти, а оздравеле 24.260.574 луѓе. -Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 315 нови случаи на […]