Finance Think: Ребалансот очекуван, но донесен со значајно задоцнување


Finance Think: Редизајнираната уредба за користење на мерката за финансиска поддршка на компаниите отвора простор за нејзина компромитација - МИА

Скопје, 19 мај 2020 () – Ребалансот на Буџетот што Владата го усвои на 15-ти овој месец за „Finance Think“ е очекуван, но донесен со значајно задоцнување, во контекст на потребата тој да ја демонстрира посветеноста на Владата кон кратење на сите неподуктивни трошења и трошења што изгубија приоритет во контекст на кризната состојба.

Во објавениот коментар денеска „Finance Think“ истакнува дека ревидираната проекција за пад на економијата од 3,4 отсто е коректна и во линија со предвидувањето на „Finance Think“ од 11 април
2020. Сепак, сметат дека оваа стапка е со понатамошни надолни ризици, што негативно може да се
рефлектира и врз приходната страна на буџетот во третиот и четвртиот квартал, што може да
предизвика потреба од втор ребаланс.

Finance Think посочува дека падот на даночните приходи е резултат на намалената економска активност, но оти истовремено, ризикот од пораст на даночната евазија е нагласен. Оттука, според нив, неопходно е во следниот период фокусот да се стави врз засилена контрола и санкционирање на
даночната евазија.

За буџетскиот дефицит сметаат дека е очекуван и е директен резултат на негативните последици врз
економијата од појавата на Ковид-19. – Тоа наметнува и потреба за изготвување оптимален план за негово финансирање во тековната година, но и редизајнирање на планот за среднорочно финансирање на јавниот долг. Неминовно, задоволувањето на оваа голема потреба од финансирање ќе ја наметне и
потребата да се дискутира за ревидирање на даночни стапки по стивнувањето на првиот удар
на кризата, наведуваат оттаму.

За расходите наменети за Ковид-19, сметаат дека се коректно димензионирани, кратењето на вкупните расходи е недоволно, а приоритизацијата во намалувањето на трошењата во зависност од нивното развојно значење не е рефлектирана во ребалансот на буџетот. Напротив, очигледниот напор да не се
скратат ставки на тековни трошења, од кои дел се сметаат за непродуктивни, може да се толкува
како предизборен.

Посочуваат дека имајќи ја предвид кризната состојба, кратењето на непродуктивните трошоци треба да биде радикално и одлучно, не само за да осигура фискален простор за финансирање на мерките
сврзани со Ковид-19, туку и да испрати јасен сигнал кон економските агенти дека државата
води посветена и конзистентна фискална политика во услови на криза.

Од „Finance Think“ во коментарот наведуваат дека за очекување е дека поради воведените
рестриктивни мерки и новонастанатата кризна состојба, активностите за реализација на дел од
капиталните расходи ќе забават.

 


Вести

Нови 628 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 531 пациент

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-353, Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива […]

Членовите на избирачките одбори ќе добијат за сто проценти повисок надоместок, одлучи ДИК - МИА
Вести

ДИК ги потврди новите пратеници во Собранието

– Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Рина Ајдари за ИЕ6 од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија […]

Вести

Извештај на ИЈЗ: Речиси половина од инфицираните со Ковид од земјава се од Скопје, најголем дел на возраст од 30-39

– Според извештајот на Институтот за јавно здравје, за период од 19 до 25 октомври, тестирани биле вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Забележано е зголемување […]