Филипче: Градинките почнуваат со работа на почетокот на јуни, границите се очекува да се отворат кон средината на јуни



Филипче: Она што сакаме е линеарен пораст на нови пацинети, стратегијата дава резултати - МИА

Скопје, 22 мај 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни.

– Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни, рече Филипче во интервју на Телевизија 24.

На новинарското прашање кога се планира да се отворат границите, министерот нагласи дека тоа се очекува кон средината на јуни.

– Средина на јуни се очекува отворање на границите, тоа е разумен период кога би можеле да се отворат границите, посочи Филипче, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките.

 

 

 

 

 

 


Вести

Седум града со над 100 активно заразенни со коронавирус

Во моментов во земјава како активни се водат 2.323 случаи на заразени со коронавирус. Од нив, во седум македонски градови има над 100 заразени. Најмногу активни случаи има во Скопје (684), по што следат Куманово […]

Бизнис и економија

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

– До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по […]

Субвенции од државата за плати досега побарале 12.380 компании - МИА
Вести

Четврти сет мерки – 470 милиони за поддршка на граѓаните и стопанството, според опозицијата Христијан Мицкоски, четвртиот пакет е задоцнет

– Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна […]