Филипче: ГОБ „8 Септември“ за една недела ќе ги отвори амбулантите и ќе функционира нормално


Костов: Околу 70 проценти од капицететот на ГОБ „8 Септември“ наменет за лекување на пацинети со Ковид-19 - МИА

Скопје, 16 мај 2020 () – За една недела Градската општа биолница „8 Септември“ ќе ги отвори амбулантите, ќе започне да функционира нормално и ќе биде во служба на сите пациенти, не само на оние со КОВИД-19, објави министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.


 

Болницата која најголем дел од капацитетите ги стави на располагање за КОВИД-19, со тоа повторно ќе биде ставена во функција за сите граѓани.