Еврокомесарот за проширување Вархеји утре во Скопје



– Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји утре ќе допатува во прва официјална посета на Северна Македонија.

Како што соопшти Делегацијата на Европската комисија во Скопје, Вархеји ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Вархеји исто така ќе се сретне и со претседателот на СДСМ, Зоран Заев како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

 Посетата на Комесарот Вархеји во регионот ќе продолжи во Албанија следниот ден.

На средбите најверојатно ќе стане збор за новата методологија за проширување предложена од Франција и за текот на реформите во земјава, особено донесувањето на законот за јавно обвинителство.

На 18 декември минатата година вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се сретна со Вархеји во Брисел, при што му го претстави реформскиот план на Владата до самитот на Европскиот совет во март.

Европската комисија ќе објави мини-извештај за Северна Македонија и Албанија во февруари, а новата методологија, според најавите, се очекува да биде усвоена во март.

Еврокомесарот Вархеји, минатиот месец рече дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат на пролет. Тој тогаш рече дека ЕУ треба да ја исправи грешката од октомври.

Земјите-членки на ЕУ не се договорија за почеток на преговори со двете земји, поради противењето на Франција, која пак, услови со нова методологија на преговарање.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека следните шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најави дека ЕК за неколку недели ќе излезе со новата методологија за проширување.


Од среда почнува предвремена исплата на мајската пензија - МИА
Бизнис и економија

Втора шанса за одложување на плаќање на кредитите бараат 20 до 30 отсто од тие кои веќе ги одложиле обврските

– Дваесет до 30 проценти од граѓаните што ја искористија можноста за одложување на плаќање на ратите на кредитите во првиот период, кој почна од април и трае до крајот на овој месец, побарале да […]

Вести

Бројката на новодијагностицирани стабилизирана на околу 10 отсто од тестираните, засега нема потреба од нови мерки

– Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.559 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починат е пациент од Скопје на возраст од 79 години. Регистрирани се 94 оздравени […]

Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 32.885.863 лицe. Од нив починале 995.352 пациенти, а оздравеле 24.260.574 луѓе. -Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 315 нови случаи на […]