ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува, а Екстра лесното масло поскапува за половина денар


Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар - МИА

Скопје, 6 јули 2020 () – Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар, додека цените на  ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и понатаму ќе се продаваат за 63, односно 52,5 денари за литар, а со новото поскапување цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се изедначи со ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и ќе чини 52,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ  за 0,156 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,980 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,836 отсто пониската просечна референтна цена на бензинот на светскиот пазар во последните седум дена и за 1,716 отсто повисоката цена на екстра лесното масло, како и за 0,071 отсто повисокиот крус на денарот во однос на доларот.

 


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 166 случаи со Ковид-19, четворица починати, 185 оздравени пациенти

Скопје, 2 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, […]

Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*