ЕСЕ ќе расправа за влијанието на макроекономските политики врз здравствената заштита на жените, мајките и децата



ript>

Писмо за итни препораки за координација на институциите за заштита на жените кои претрпеле семејно насилство во услови на криза и вонредна состојба - МИА

Скопје, 21 јули 2020 () – Здружението ЕСЕ денеска ќе одржи онлајн прес-конференција на тема „Како макроекономските политики влијаат врз пристапот до здравствена заштита за жените, мајките и децата“, со посебен фокус на реализацијата на превентивните програми на Министерството за здравство.


 

Ќе се обратат претставници од Здружение ЕСЕ кои вршат континуиран мониторинг на планирањето и реализацијата на програмите.

Од Здружението сметаат дека недоволно се финансирани програмите за унапредување на женското репродуктивно здравје и здравјето на мајките и децата. Според Здружението, работата на патронажната служба треба да биде уредена со програма, бидејќи оваа служба е од особена важност за здрава бременост и соодветно следење на здравјето на мајките и доенчињата…

По прес-конференцијата ќе следи јавна дебата на истата тема на која покрај претставници од Здружението ќе говорат и матичен гинеколог и здравствен работник од Поликлиниката во Шуто Оризари.