Еко-акција за чистење на дел од охридското крајбрежје во Струга


 – Младинскиот тим на здружението „Аква“ и извидничкиот одред „Крсте Јон“ денеска реализираа нова еко-акција за чистење на плажата кај бротчето. Ова е втора еко-патрола организирана од тимот за заштита и чистење како дел од проектот „Мониторинг, заштита и одржливо користење на појасот трски на Охридското Езеро“.

На Денот на народното востание, како што истакна Ана Наумоска, член на младинскиот тим на „Аква“ прават востание против ѓубрето во Струга.

– Потребно е да проработи општествената свест дека заштитата и одржувањето на природата се граѓанска должност на секој од нас, да се воспостават навики и да се даде пример како да се однесуваме со природата, а ваквите акции се идеален начин да се направи токму тоа, истакна Наумоска.

Реализирањето еко-акции е честа пракса на Здружението „Аква“, неодамна тие го чистеа просторот околу детското одморалиште „25 Мај“ во Струга.


Бојан Јовановски поднесува повеќе кривични пријави во ОЈО Скопје - МИА
Вести

Бојан Јовановски во ОЈО Скопје ќе продолжи со поднесувње кривични пријви

Скопје, 3 јули 2020 () – Бојан Јовановски, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска  повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со поднесувањето кривични пријави на записник. Јовановски на […]

Новиот позитивен на КОВИД-19 во Кавадарци, син на претходно заболен - МИА
Вести

И натаму висок бројот на новозаразени, надлежните апелираат на почитување на мерките

Скопје, 3 јули 2020 () – Нови 173 потврдени со КОВИД-19 од 1.650 тестирања, од кои најголем дел 75 се од Скопје, беа регистрирани вчера во земјава. Починаа и досега најголем број пациенти – 15. […]

На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните - МИА
Вести

На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните

Скопје, 3 јули 2020 () – Ветувања за правна држава, нулта корупција, за повисоки плати, вложувања во здравството, инфраструктурата, економијата и земјоделството, во младите и поддршка за занаетчиството испорачаа политичките субјекти во земјава на десеттина […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*