Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања



ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по однос на контакти. Извршени се 100 тестирања, а во тек се уште 485 тестирања на вработените, информира денеска на прес-конференција Иринка Сотирова Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, претставувајќи ја состојбата со кластерите на заразени со КОВИД – 19 коишто се појавија во штипските конфекции и во одредени правни субјекти во Тетово.

Во Тетово се издадени осум решенија на лица кои биле позитивни на КОВИД -19 за домашно лекување и самоизолација, а 54 решенија за здравствен надзор и изолација по основ на контакти. Досега се завршени 70 тестирања од планираните 150.

Сотирова Бухова потенцираше дека овие бројки се однесуваат само на позитивните и контактите кои се ажурирани во конфекциите и правните субјекти во овие два града. Во таа бројка не се внесени кластерите во фамилии или другите позитивни лица.

-Правните субјекти и текстилните фабрики во Штип покажаа исклучително почитување на протоколите со што веднаш по појавување на еден позитивен вработен престанаа самоиницијативно со работа, рече Сотирова Бухова.

Таа демантираше дека во конфекците продолжила работата и прецизира дека таму денеска во присуство на надлежните инспекторати се врши тестирање, односно се земаат брисеви од вработените и нивното присуство таму е само од таа причина.

Апелира до сите лица кои имаат добиено решенија од ДЗСИ исклучително да се придржуваат по препораките во решението, односно да не ги напуштаат домовите. Постапување спротивно на ова решение е казниво по закон, истакна директорката на ДСЗИ, повикувајќи го и Министерството за внатрешни работи да го контролира почитувањето на решенијата.

 


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]