Донација од маски и срадства за дезинфекција за Македонскиот полициски синдикат


– Станица за технички преглед и регистрација на моторни возила,  PSS (Power Sport System) донираше заштитни маски и средства за дезинфекција за за членовите на Македонскиот полициски синдикат.

МПС соопшти, дека Станица за технички преглед и регистрација на моторни возила PSS е општествено одговорна компанија и уште еднаш ја покажа својата солидарност. Од Синдикатот информираат дека за потребите на МПС продложува процесот на изработка на заштитни маски за лице во Конфекциите ЕАМ од Штип, Кули од Прилеп, Даниел Кристенсен од Кочани, како и Дуки Дасо од Неготино.

– Исто така компанијата ХИДРОС од Скопје, Арис и Бенто ни од Куманово, Sубекс од Виница, Центрар за возила Струга, Анжи од Тетовио и останати фирми кои инсистираат на анонимност поради нивната скромност, во овие тешки мигови кога се соочуваат со загуби се одважија и солидарно самите понудија, можеби мала, но за нас како планина голема помош во заштитна опрема и средства за дезинфекција која на полициските службеници на терен ќе им овозможи непречено и безбедно да работат и да ги извршуваат своите задачи во услови на пандемија, велат од МПС.


ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот - МИА
Вести

ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Скопје, 10 јули 2020 () – Државната кмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од […]

Вести

Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени

– Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје. Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати […]

Можно е преземање мерки на границите за соседите при влез во државата - МИА
Вести

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Скопје, 10 јули 2020 () – Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи во соработка со министерствата за здравство и за надворешни работи изработи насоки за начинот на транзит и на регулиран привремен или […]