Донација од Чешка за поддршка во борбата против КОВИД-19


– Донацијата што Чешката Република преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ ја обезбеди за Република Северна Македонија, како поддршка во борбата против КОВИД-19, денеска ќе биде презентирана пред магацинот на Дирекцијата за заштита и спасување.
Како што е најавено, на презентацијата ќе присуствуваат вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, во својство на национален координатор за странска помош во земјава, амбасадорот на Чешка, Мирослав Томан и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути