Донација од Австрија преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ во борбата со КОВИД-19


Донација на заштитна опрема за СВР Охрид - МИА

Скопје, 15 мај 2020 () – Во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром денеска ќе се изврши примопредавање на донација која Република Австрија преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ ја обезбеди за нашата земја како поддршка во борбата со КОВИД-19.



На примопредавањето на донацијата ќе присуствуваат вицепремиерот Бујар Османи, во својство на национален координатор за распределба на странска помош во земјава, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, амбасадорот на Австрија, Георг Вуцас, полицискиот аташе во Австриската амбасада, Фридрих Хофбауер, и конзулот Лукас Бахмаер.