Долга ХОРОР приказна на млад брачен пар од Велес за НЕЕФИКАСНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА


Долга ХОРОР приказна за НЕЕФИКАСНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

На ден 15.06.2019, јас и мојот сопруг склучивме брак во Општина Градско. На денот на склучување на бракот не добивме венчаница, бидејќи во Општината Градско немале интернет и не можело да го испечатат документот.

После цели десет дена и телефонски разговори со матичарката, го добивме изводот напишан на МАШИНА ЗА КУЦАЊЕ, бидеји се уште немале интернет и не може да го испечати документот.
Со тој документ одиме во Служба за водење на матични книги во Велес, каде што треба да извадам нов извод на раѓање. Одговорот беше „ИЗВИНЕТЕ! АМА ДЕНЕС НЕМАМЕ ХАРТИЈА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ НА ИЗВОДИ! ВРАТЕТЕ СЕ ДРУГ ДЕН.“
Од таму продолживме во СВР Велес, одделение за издавање на документи за да ме одвајат како жител на Велес. Од таму добивме одговор:„Началникот е на боледување, а заменик началникот не е на работа денес. Може да се јавите утре, да прашате дали ќе има кој да го потпише барањето!“
Ние исфрутрирани се вративме во Неготино, со надеж дека следниот ден ќе го имаме документот.
Следниот ден, телефонски се јавуваме и одговорот е следниов: „И денеска нема началник, ама сепак дојдете ќе се обидеме да средиме работа.“
Стигнуваме во одделението и не пречекува службеничката која со целата иронија на светот ни кажува „ПА АКО НЕ СРЕДИМЕ РАБОТА ДЕНЕСКА, ЌЕ ДОЈДЕТЕ УТРЕ ПАК. ШТО ВИ Е РАБОТА….“ . По ваквото дрско однесување и кажавме дека ако не го добиеме документот денес, ќе се јавиме во надлежното Министерството за одговор кога можеме да го добиеме документот. Секако дека го добивме документот во рок од 30 минути.
Следен чекор, СВР Неготино и оддел за издавање патни документи. Службеничката ме сликаше за лична карта и за пасош, додедка за возачка ни кажа дека требало да се повлече досието од СВР Велес. Ова се случува на ден 26.06.2019. Притоа ни посочува дека за да се превземе досието од СВР Велес ќе биде потребно повеќе време, со оглед на тоа дека се годишни одмори.
На ден 08.08.2019 од СВР Велес го доставиле моето досие во Неготино. Јас не добивам никаква информација за тоа, па на 30.08.2019 прашав и добив одговор да стиггнато е.
Закажува термин за конечно да се сликам за возачка на 06.09.2019 во 14 часот, стигнувам во закажаниот термин, а одговорот е следниов „Извини, ама немаш закажано… Те нема на список! Закажи си и дојди“ . Прашувам дали работите во сабота, нели првата сабота ја работеа, одговорот е „. ааа ни ги укинаа саботите, ни воведоа втора смена….“
јас „Од кога е ова? Имаше некаде информација?“
службеничката „Ами не, само нас ни кажаа“
Мојата фрустрација расте до бескрај. Се обидувам да закажам за подоцни термини, но не можело, оти списоците за тој ден биле затворени!!!! Еј, ако ти треба итно нема вадење документи…… ОК!!!
Закажувам за следниот петок.
Следниот петок (13.09.2019), стигнувам на време, пополнувам документи и службеничката ми вика, „а венчаница носите?“
јас: „Каква венцанича? Никој не ни кажал дека треба таков документ!“
Службеничка: „КАКО НЕ ЗНААЕТЕ ДЕКА ТРЕБА ВЕНЧАНИЦА? НЕЛИ ВИ КАЖАА?“
јас; „Кога ги средував документите за лична карта и пасош, земаа две копија од венчаницата и ја оставија во досието.“
Службеничка: „Ама тоа е за друго, за возачка нема. Одете извадете од другата зграда“
Одиме во службата за матични книги, не пречекува службеник со следниов одговор:
„Ама јас од тука не можам да повлечам документи од Градско. А они работат само прва смена“
Ние: „Како тоа само прва смена? Па нели цела администрација работи втора смена?“
Службеникот: „Ама таму има само еден службеник и не работат втора смена. Ја може сега да поднесам барање, па понеделник сабајле да го земете.“
Ние; „Ама нас за сега ни треба!“
Службеникот: „Ај да се јавам, кај колешката……. Не достапна е!“
Ние: „Знаме“ (been there, done that)

Се враќаме кај службеничката за возачки, исфрустрирани.
Ја прашавме каде има целосна листа на документи „Може има на интернет, ама не знам! Ги менуваа цело време!“
Ние (сега веќе со повишен тон) „Зошто никој не ни кажал дека треба и венчаница!?“
Службеничката: „Ааааа јас тоа не знам. Да сте биле кај мене, ќе сум ви кажела! Ќе имаме инспекција наскоро, не смеам да те сликам без комплетни документи!“
Ние: „Проверете што има во досието, бидејќи кога се ја почнувавме постапката ни земаа две копии од венчаницата!“
Службеничката: „Ах, па и овие од СВР Велес, кај ги чекам два месеци, само картон ми пратиле. Немаш во досието ништо!“
Ние: „И сега пак ќе треба да чекаме два месеци за другиот дел од досието!?“
Службеничката: „Не ќе те сликам, со тоа шо го пратиле. Па ако има инспекција, нека ги казнат нив!“
Ние: „ДОБРО, кажете ни каде да најдеме листа на документи!?“
Службеничката: „Не сум јас министер за да знам! ГИ МЕНУВААТ ЦЕЛО ВРЕМЕ! Донеси венчаница, закажи за понеделник и ќе те сликам!“
Останува да закажам по не знам кој пат, термин, со надеж дека кога ќе отидам нема да ми кажат дека во меѓу време пак е направена промена во листата на потребни документи.
А ова е моменталната листа на потребни документи https://termin.mvr.gov.mk/ReqiuredDocuments , во која секако никаде нема дека е потребна венчаница!!!!!
И да процесот трае веќе три месеци!!!!
Епа премиере Зоран Заев на Влада на Република Северна Македонија, министре Oliver Spasovski, жал ми е, ама немате ефикасна админисстрација! Чија единствена грижа е да се чисти пред внатрешната инпекција, а не да се во услуга на ГРАЃАНИТЕ!
Никола Димитров – Nikola Dimitrov НЕМА ДА ВЕ БИДЕ!!!!!

Вести

ЈО ги презеде предметите од СЈО

\Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги презеде предметите од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. По преземањето, како што соопшти Обвинителството, предметите се […]

Вести

Собранието утре ќе расправа за разрешувањето на Јанева

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 13 часот ја закажа собраниската седница на која единствена точка е разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. На 5 септември Комисијата за избори и именувања зад […]

Вести

Јовески: До крајот на денот треба да заврши преземањето на предметите од СЈО

Изутрината е почнат процесот на преземање на предметите од надлежност на СЈО во надлежност на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и очекувам до крајот на денот процесот на преземање на предметите да заврши, изјави […]