Договорени заедничките активности на Тетовскиот универзитет и ТИКА во 2021 година


Универзитетот во Тетово и Турската агенција за меѓународна соработка и развој (ТИКА) за Македонија ќе соработуваат во насока на подобрување на условите за работа и развој на научните истражувања.  


 

И досега двете установи развивале партнерски односи, а на денешната средба се договараа активностите за 2021 година, соопштуваат од Универзитетот.  

-Универзитетот е благодарен на Агенцијата за поддршката што ја дава во последните неколку години, особено во подобрувањето на условите за работа и научните програми. Денес ја потврди подготвеноста за конкретизација на идеи и проекти  опфатени со разни студиски програми, кои се и во иднина ќе останат дел од академските единици на Универзитетот, истакна ректорот Вулнет Амети.

Халим Омер Сиут, координатор на ТИКА за Македонија, истакна дека Турската агенција за меѓународна соработка и развој останува отворена за продлабочување на соработката со Универзитетот во Тетово.

Се разговарало и за можноста за соработка на Тетовскиот универзитет со високообразовните институции во Република Турција.