Доцевска-Божиновска: ЕСЧП пресуди дека ми биле прекршени правата при постапката за одредување притвор за „27 април“

20230520142704_big_730x400_82
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека на Елена Доцевска-Божиновска, советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Куманово, ѝ биле прекршени правата при постапката за одредување притвор во врска со упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

Доцевска-Божиновска на социјалните мрежи објави дека во пресудата се наведени бројни повреди и прекршувања во текот на целата постапка за настанот од 27 април 2017 година. Таа во тој период беше вработена во Кабинетот на тогашниот претседател на Собранието.


Во Судот во Стразбур, Доцевска-Божиновска се жалеше дека судот и обвинителството ги одолговлекувале нејзините жалби за притворот.  Кумановката Доцевска-Божиновска беше една од 33-та обвинети за случувањата во Собранието на 27 април.  – Поминаа пет години … во претходната фаза од постапката, минатата година ми беше понудена спогодба. Ја одбив без размислување! Сакам правда, не пари, напиша Доцевска-Божиновска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK