Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 6 степени, објави УХМР.
До вторник до крајот на денот ќе се задржи стабилно, а нов влажен бран ќе започне од ноќта кон среда од северозапад. Врнежите ќе бидат од дожд, во среда на високите планини од снег, а во четврток снег ќе има и понекаде на северозападот и на повисоките места.
Врнежите ќе престануваат во четврток во текот на денот, а нови врнежи се очекуваат на почетокот на следниот викенд. Услови за појава на магла ќе има особено во вторник и среда наутро.