До понеделник нема апликации за лични документи, термините презакажани за следната недела


До понеделник нема апликации за лични документи, термините презакажани за следната недела - МИА

Скопје, 4 јуни 2020 () – Согласно одлуката на Владата за забрана за движење на граѓаните од одредени општини во периодот од денеска од 21 часот заклучно со 8-ми месецов до 5 часот, како и прогласувањето на 5 јуни (петок) за неработен ден за сите граѓани, подрачните единици на Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи (управните служби) нема да бидат во можност да ги реализираат закажаните термини на граѓаните за аплицирање за лични документи.

Во таа насока, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи за ден 5 јуни 2020 година ќе можат да ги реализираат во текот на целата наредна недела, односно од 8-ми до 12 јуни во истата подрачна единицa, односно дисперзирана канцеларија и во истата базна станица во која е закажан терминот.

– Закажаните термини за деновите 6 јуни и 7 јуни 2020 година за аплицирање за лични документи во Одделението за управни работи Скопје, ќе се реализираат во деновите 13-ти и 14 јуни, а терминот и базната станица остануваат исти, информира МВР.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]