ДКСК: Поголем дел од претседателите на основните судови не поднеле анкетни листови


ДКСК: Државните активности да се не мешаат со партиските во изборниот период - МИА

– Антикорупциската комисија на денешната седница разгледа 18 предмети за претседатели на основи судови и по извршената проверка за следење на имотната состојба и судир на интереси согласно годишната програма за работа,  утврди дека голем дел од нив не ја почитуваат обврската за поднесување анкетни листови, а за двајца судии постапката е продолжена поради прибирање дополнителни информации.



-Добар број претседатели на судови не постапиле и не ја извршиле својата  обврска за поднесување на анкетен лист во определениот законски рок. Листата на претседателоте кои не ја исполниле својата обврска и за кои ќе  издадеме платни налози да се достави до Судскиот совет со информација поединчено за судиите за што станува збор. Оваа информација Судскиот совет треба да ја има и да ја користи во следњето на работата на судиите, рече на седницата која се одржува преку видео-конференциска врска Софка Пејовска Дојчиновска заменик претседател на Антикорупциската комисија.

За двајцата судии претседатели на основни судови за кои постапката е во тек, идентитетот не се соопштува. Кај едниот претседател на Основен суд е утврдено дека има доставено анкетен лист, но вон рокот, и оти нема пријавено недвижен имот. ДКСК заклучи да му се издаде прекршочен платен налог поради недавање детален опис на промена на состојба и да се спроведе постапка за испитување на имотна состојба за дополнителни податоци.

-Бидејќи постапката е во тек не се соопштува името односно идентитетот, рече  Пејовска Дојчиновска појаснувајќи дека во овој случај се работи и за можна злоупотреба на функцијата

Во другиот случај на претседсател на основен суд утврдено е дека нема поднесено анкетен за престанок на функцијата поради што ќе му се издаде платен налог за тоа, а утврдени се и наоди за несразмерно зголемен имот кои треба да се дообјаснат со барање дополнителни податоци од надлежни институции.

Од Антикорупциска добиле податоци од Судски совет за новонастанатата состојба, односно за смената на некои претседатели со нови или за нивен реизбор, при што информираа дека ќе се изврши проверка и на новоизбраните, односно на реизбраните судии како вршители на должност.