Од СДСМ велат ДКСК да го истражи скандалот „кумска врска“ во општина Штип за тендер за ЈП Исар вреден 20.000 евра.
„Имено општина Штип, предводена од ДПМНЕ и градоначалникот Јорданов ја тресе скандал со кумско-семејна врска за тендерот, кој го има добиено фирма на чиишто сопственици зет за ќерка им е лицето Методи Јорданов, кумашин на градоначалникот Иван Јорданов. За сомнежот да е уште поголем, лицето Методи Јорданов е член и на Управниот одбор на претпријатието ЈП “Исар” коешто ги доделува тендерот“, велат од СДСМ.
Според нив, ДКСК треба да оформи предмет и да утврди, затоа штп постои основен сомнеж за судир на интереси.
„Како тоа тендери од илјадници евра завршуваат кај кумашини, секогаш кога ДПМНЕ е на власт?“, прашуваат од СДСМ.