Дискусија „Замисли си желба за квалитетна младинска политика“: Образованието кај нас не е приоритет


Дискусија „Замисли си желба за квалитетна младинска политика“: Образованието кај нас не е приоритет - МИА

Скопје, 12 август 2020 () – За жал образованието не ни е приоритет, никогаш не ни било, ни недостасуваат информации и податоци за состојбата, институциите се бавни а ова се рефлектира на многу генерации млади, нагласи денеска Теодора Столевска од МОФ на дискусијата „Замисли си желба за квалитетна младинска политика“ што се одржа по повод Меѓународниот ден на младите.



Столевска, која на денешната дебата се осврна на образованието, како и на образовниот процес за време на пандемијата, истакна дека иако во периодот на пандемија целиот товар за образовниот процес се става на професорите, се барал виновник на погрешно место.

– Ако не ги поддржиме професорите и нема план за спроведување на образованието, нема да ја подобриме состојбата. Информациите кои ни требаат за препораки немаме, за жал ниту институциите не излегуваат со конкретни податоци за состојбите во образованието. Без разлика што ние сме спремни да дадеме поддршка во процесот, примарната улога ја имаат институциите, нагласи таа.

Столевска посочи дека оваа година повеќе од било кога младите се соочуваат со промени, од начинот на кој функционираат секојдневно, до начинот на кој учат, добиваат или загубиле поддршка, работат или го изгубиле работното место.

– Младите се тука и се присутни, имаат идеи но институциите во нив мора да препознаат партнер, да ги слушнат нивните препораки и да им дадат поддршка за градење на квалитетни младински политики, заклучи Столевска.

Таа оцени дека е многу жално што краток период пред да почне учебната година се уште не е донесена одлука како ќе се одвива образовниот процес.

На дискусијата, што беше организирана во рамки на проектот за Ангажирање на младите за студентски и младински политики, финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија, освен за образованието се зборуваше и за вработување, младинско организирање, сексуално образование и социјална правда и животна средина

– Оваа година и без корона ќе беше тешка, затоа што за прв пат почнува да функционира студентското органзирање, но мислам дека премногу се бирократизира целиот процес. Дефинитивно се соочуваме со проблеми во финансиското фунционирање, но ова искуство на првата генерација претставници ќе може да се користи понатака за развивање на механизми за полесно располагање на Студентските тела. Во моментов како млади нашата задача е да се избориме наредното Министерство за образование и наука да не биде како ниедно од претходните, потенцираше Борјан Ефтимов од Универзитетското студентско собрание.

Катерина Иванова од ХЕРА истакна дека младите почнуваат да стануваат гласни за нови права.

– Овие права не се само права на младите, туку права кои значат колективно здравје и права кои значат колективна безбедност, рече таа.

Во однос на иселувањето на младите и недостатокот од дигитализација, Гуѕим Нухиу од Млади Хаб, оцени дека тоа е нешто што мора да се реши што е можно посокоро.

– Ако некој ме праша зошто јас би си заминал, затоа што ни недостасува меритокарија и, она што младите го заслужуваат. Како млади заслужуваме многу повеќе доверба од институциите, подобро образование а и многу повеќе а и подобри работни места, рече Нухиу.

Марија Кекеновска од Го Грин оцени дека она што денес го одлучуваме сериозно ќе се одрази на младите.

– Мора да ги вклучуваме во овие процеси. Потребна е меѓусекторска работна група, а климатските промени конечно да станат дел од образовните програми, истакнаа таа. 

 


Вести

Во Германија ќе се воведуваат даночни олеснувања за лицата кои работат од дома

Владата на канцеларката Ангела Меркел најави дека во понеделник планира да предложи даночно олеснување за луѓето кои работат од дома за време на пандемијата, за да им се надоместат повисоките трошоци за сметки за греење, […]

Вести

Брисел: Речиси воопшто нема надеж за преговори годинава поради бугарското вето

– Повеќе високи дипломати од земји членки на ЕУ за МИА потврдија дека Северна Македонија речиси сигурно ќе биде блокирана од страна на Бугарија на следниот министерски совет на Унијата, на кој требаше конечно да […]

Усвоена одлуката за бројот на попретседатели на Собранието - МИА
Бизнис и економија

Расправа по амандманите за буџетот – Секој издржан и реален проект ќе го прифатиме, вели заменик-министерот за финансии

– Во Собранието од денеска се расправа по поднесените амандмани на Предлог-буџетот за 2021 година. Амандманите се разгледуваат во рамки на расправата во Комисијата за финансирање и буџет, а најголемиот број се поднесени од опозициската […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*