Директорот на АХВ Бабовски одржа билатерален состанок со српскиот колега Петровиќ

Babovski - AHV
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денеска во Ниш, Република Србија, одржа билатерален состанок со неговиот колега, директорот на Управата за ветеринарство на Република Србија, Милош Петровиќ.

Како што информира АХВ, на состанокот присуствуваа и претставници на Стопанската комора на Република Србија.


Во придружба на својот српски колега и претставници од Комората, директорот Бабовски го посети и Ветеринарниот специјалистички институт, каде заеднички беа разгледани можностите кои ги нуди иницијативата Отворен Балкан и ЦЕФТА договорот за олеснување на процедурата за зголемување и олеснување на трговската соработка меѓи двете држави. За олеснување на процедурите, направени беа неколку усогласувања во насока на интензивирање на трговската размена меѓу Република Северна Македонија и Република Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK