Димитриевска-Кочоска: До крајот на месецот се очекуваат понудите од банките за 400 милиони евра



Најдоцна до 5 мај се очекува да се добијат 400-те милиони евра што државата ги бара од комерцијалните банки, за обезбедување дополнителни средства за надминување на кризата предизвиката од коронавирусот, а банките своите понуди да ги достават до крајот на овој месец, вели дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриевска Кочоска.

-Во саботата ставив потпис на писмата што се пуштија до ММФ и Светска банка, како и  до комерцијалните банки. Целта беше да се обезбедат дополнитлени средства  со цел да ја надминеме оваа криза.  Согласно она што е наведно во писмата се бара пред се комерцијалните банки своите понуди да ги достават  до крајот на март  по што ќе следи евалуација од страна на  вработените во секторот за јавен долг  при Микнистерството за финансии  по што ќе треба да се потпише  договор. Ќе се потпишува договор согласно англиското право па  оради тоа дополнитлено ќе се ангажира  и во писмото се бара адвокатска куќа која што би помогнала во овој дел, што значи дека средствата најдоцна до 5 мај ги очекуваме да бидат исплатени до колку  нели се би одело како што треба, рече Димитриевска Кочоска во гостување во емисијата Топ тема на ТВ  Телма.

Таа додаде дека станува збор за 400 милиони евра, а во  однос на барањето до ММФ рече дека  се чека оваа институција да се произнесе и оти очекува тие средства  да стигнат побрзо.

Се уште нема информација,како што рече, колку средства ќе ни се стават на располагање  од Светска банка и за колку време би ги добиле. Бараме помеѓу 100 и 120 милиони евра, но, посочи, не знаеме колку ќе ни одобрат.

Дополнителната заменик-министерка за финансии не се очекува проблеми да се обезбедат овие средства, но, како што рече, можеби ќе биде само прашање која е цената.

Димитриевска Кочоска посочи дека проекциите се оти на приходната страна ќе има 60 отсто помалку приходи од планираното во Буџетот за оваа година, ако се има предвид состојбата со коронавирусот каде немаме тренд на намалување, туку се зголемува и ќе трае одреден период.

-Имаме четири  милијарди  евра приход. Од тие ќе имаме 40 отсто  приходи, што е  во суштина 1,6 милијарди  приход. Се друго недостига. Недостигаат отприлика 2,4 милијарди,  истакна Димитриевска Кочоска.


Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]