Дијалог за „Ветинг – наметната или изводлива опција“


– Во организација на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) денеска ќе се одржи дијалог за политики „Ветинг – наметната или изводлива опција за Република Северна Македонија“. На форумот се поканети претставници од правосудниот систем, од Министерство за правда, Здружението на судии, од политички партии, претставници од граѓански организации кои работат во областа на правосудството како и од дипломатските мисии во Република Северна Македонија.

Целта на овој дијалог е да обезбеди детална дискусија за природата и последиците од процесот на ветинг, со оглед на европските стандарди за правосудство и искуствата во регионот и да придонесе за проценка на потребата од проверка на македонското правосудство во светло на европските стандарди и научените лекции.

Дијалогот се спроведува во рамки на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“, кој го спроведуваат Институтот за европска политика и Асоцијацијата ЗЕНИТ, а е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија.

Проектот има цел да придонесе за враќање на довербата на граѓаните во македонскиот правосуден сектор преку значително вклучување на граѓанското општество во суштински реформи. Крајни корисници на овој проект се институциите во областа на правосудството.


Членовите на избирачките одбори ќе добијат за сто проценти повисок надоместок, одлучи ДИК - МИА
Вести

ДИК ги потврди новите пратеници во Собранието

– Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Рина Ајдари за ИЕ6 од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија […]

Вести

Извештај на ИЈЗ: Речиси половина од инфицираните со Ковид од земјава се од Скопје, најголем дел на возраст од 30-39

– Според извештајот на Институтот за јавно здравје, за период од 19 до 25 октомври, тестирани биле вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Забележано е зголемување […]

Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Собранието ги констатира оставките на пратениците Дурловски, Бајрами, Зеќири и Лукаревска

– Собранието на денешната седница констатира оставки на четворица пратеници, и тоа на пратеникот Игор Дурловски, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на Бајрам Реџепи од ДУИ и на двајца парламентарци од СДСМ, Мухамед Зеќири […]