Девет починати и 445 нови случаи на Ковид-19 во земјава



 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2441 тестирања, а регистрирани се 445 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-249, Куманово-12, Штип-13, Прилеп-25, Тетово-16, Струга-7, Велес-7, Битола-14, Охрид-12, Кавадарци-3, Гостивар-12, Гевгелија-2, Струмица-36, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Кочани-6, Пробиштип-1, Берово-2, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти од: Скопје-77, Куманово-15, Штип-11, Прилеп-7, Тетово-11, Струга-1, Велес-1, Битола-5, Гостивар-12, Гевгелија-2, Струмица-14, Радовиш-3, Кочани-18, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-1.

Во болнички услови починати се 9 лица, двајца пациенти од Скопје (72 и 62г), еден од Куманово (66г), двајца од Струга (58 и 65г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (83г), од Пробиштип (60г) и пациент од Свети Николе (65г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21636, бројката на оздравени пациенти е 16591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4236. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 8872, активни 1969 • Куманово 1898, активни 168 • Дебар 294, активни 36 • Штип 1381, активни 125 • Прилеп 839, активни 181 • Тетово 1622, активни 226 • Струга 727, активни 65 • Велес 392, активни 69 • Битола 403, активни 111 • Охрид 476, активни 60 • Кавадарци 284, активни 63 • Гостивар 1003, активни 84 • Гевгелија 205, активни 93 (13 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 30 на Богданци и 12 се странски државјани) • Струмица 473, активни 281 • Крива Паланка 161, активни 54 • Радовиш 148, активни 62 • Крушево 20, активни 0 • Кочани 512, активни 201 • Пробиштип 130, активни 18 • Демир Хисар 62, активни 1 • Македонски Брод 95, активни 2 • Пехчево 48, активни 4 • Берово 155, активни 51 • Валандово 64, активни 36 • Виница 141, активни 46 • Делчево 195, активни 103 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) • Кратово 27, активни 3 • Свети Николе 407, активни 59 • Кичево 363, активни 37 • Ресен 171, активни 10 • Неготино 68, активни 18 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2441 теста се преку: ИЈЗ-454, ЦЈЗ Скопје-58, Авицена-495, Биотек-278, МАНУ -292, Жан Митрев (Филип Втори) -375, Систина со PCR метода -218, лабораторија Лаор –99, Судска медицина-14, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-7, ГАК-25, Синлаб-71, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 211.790 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, нема хоспитализирани пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) • Чаир – 84 • Гази Баба – 180 • Аеродром – 400 • Карпош – 344 • Центар – 353 • Кисела Вода – 232 • Ѓорче Петров – 169 • Бутел – 74 • Шуто Оризари – 13 • Студеничани – 3 • Сарај – 17 • Арачиново – 4 • Илинден – 28 • Сопиште – 17 • Чучер Сандево – 6 • Петровец –8 • Зелениково – 5 • Странец – 11 • Нераспределен-21