Детската клиника постави монтажна општа амбуланта за заштита од ширење на коронавирусот



Детската клиника постави монтажна општа амбуланта за заштита од ширење на коронавирусот - МИА

Скопје, 16 јули 2020 () – Министерството за здравство денеска соопшти дека е поставена монтажна општа амбуланта во состав на Универзитетската клиника за детски болести, како дел од активностите за враќање на редовно работење на дел од клиниките, а со цел заштита од евентуално ширење на Ковид-19 кај најмладите пациенти.

-Во оваа монтажна амбуланта ќе се прегледуваат сите деца кои не се закажани преку електронскиот систем МојТермин. Овие деца досега беа прегледувани во амбулантите во зградата на Детската клиника, а заради актуелната пандемија со Ковид-19, пациентите кои ќе доаѓаат на преглед, и физички ќе бидат дистанцирани од другите пациенти кои се закажани во МојТермин, со цел заштита од ширење на коронавирусот меѓу пациентите, посочуваат од Министерството за здравство.

Во новопоставената монтажна општа амбуланта има соба за интервенции, соба за преглед на пациенти, сестринска соба, тоалет, шалтер и чекална за пациентите. Објектот е комплетно климатизиран и ќе функционира согласно сите стандарди за безбеден третман на пациентите. Монтажната амбуланта на Детската клиника е донација од Македонски Телеком.

Од Клиниката за детски болести, како што се посочува, напоменуваат дека децата кои се сомнителни или се со симптоми на Ковид-19 и понатаму ќе се прегледуваат и хоспитализираат во Болницата за белодробни заболувања Козле и на Инфективната клиника.

 


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*