Детектор анкета: Корона кризата влијае на економската состојба на граѓаните


Детектор анкета: Корона кризата влијае на економската состојба на граѓаните - МИА

Скопје, 10 мај 2020 () – Речиси една четвртина (25,8%) од граѓаните велат дека тие или некој од нивното семејство привремено или трајно останале без работа поради корона кризата, додека 67,8% од
анкетираните велат дека го немале тој проблем, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 14,4% од анктираните одговориле дека поради кризата приходите во нивното семејство се намалиле, 47,4% немаат намалување на семејните приходи, додека 32,4% дека донекаде имаат намалување на приходите.

Сепак, анкетата не покажува значителен раст на задолжувањето. Само 4,7% од анкетираните
граѓани велат дека во овој период аплицирале или планираат да аплицираат за кредит во банка,
додека 80.7% велат дека не го сториле тоа.

Од мерките и понудите на банките за време на кризата задоволни се 53,3% од граѓаните, наспроти 24%  кои не се.

Околу 60 отсто од граѓаните кажале дека дека цените на храната и лековите се зголемени, 28,4% дека останале исти, додека 4,9% сметаат дека имало поевтинување. Граѓаните се на ставот дека во продавниците ги има потребните производи – 86,1% од анкетираните велат дека кога пазаруваат успеваат да ги најдат сите производи во продавниците, додека 12,6% одговриле дека не можат секогаш се да купат.
За 24,1% во продавниците најтешко се наоѓа брашно, за 21,3% средства за дезинфекција и
чистење, додеа по 12,1% велат дека кога пазаруваат најчесто им недостасува тоалетна хартија и
овошје и зеленчук.

Најголем дел од граѓаните или 38,1% велат дека пазаруваат неколку пати неделно, 28,3% во
продавница одат еднаш во неделата, 20,7% во супермаркетите по храна и други основни
потреби одат секој ден, 7,7% рекле дека пазаруваат неколку пати месечно, 2,8% само еднаш
месечно, а 1,6% и поретко од еднаш во месецот. Купувањето главно се прави со директно одење во продавниците бидејќи 72,5% од анкетираните велат дека во овој период на коронавирусот не ја користеле можноста за онлајн купување, додека онлајн шопинг правеле 21,4%.

Повеќе од половина од анкетираните или 56,5% не очекуваат недостаток на храна и лекови поради коронавирусот, а 20,6% стравуваат дека тоа може да се случи.

Во однос на анкетата од март, може да се забележи намалување на бројот на граѓани кои очекуваат недостаток на храна и лекови поради корона кризата и тоа од 32,6% во март на 20,6% во април и раст на бројот на граѓани кои не очекуваат недостаток на храна и лекови од 50,4% во март на 56,5% во април.

Од анкетиранире, 58,5% кажале дека се информирани оти поради корона вирусот, во Македонија има
пристигнато помош или донација од странство, додека 41,5% велат дека немаат такви
информации. Анкетата покажува дека 18,6% од граѓаните најголема помош очекуваат од Европската Унија, по 3,7% од НАТО и Турција, 2,7% од Словенија, 2,2% од Кина и по 2% од САД и Русија, а 31,2% помош не очекуваат од никого.

Граѓаните сметаат дека на Македонија во моментов најмногу и треба финансиска помош. Ваков
став имаат 39,7% од анкетираните, 24,8% сметаат дека најнеопходна во моментов е медицинската
помош, 14,3% помош во стручен медицински персонал, 10,6% во лекови и 2,6% во храна.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за
политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот
од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минс 3%.


ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот - МИА
Вести

ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Скопје, 10 јули 2020 () – Државната кмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од […]

Вести

Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени

– Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје. Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати […]

Можно е преземање мерки на границите за соседите при влез во државата - МИА
Вести

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Скопје, 10 јули 2020 () – Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи во соработка со министерствата за здравство и за надворешни работи изработи насоки за начинот на транзит и на регулиран привремен или […]