Демант од МВР за поставување на албанско знаме на г.п. Богородица


Целосно неточни и невистинити се информациите и фотомонтажите објавени во неколку веб портали дека на граничниот премин Богородица е поставено знамето на Република Албанија. Таков случај не е пријавен во МВР.


 

Веднаш после објавувањето на овие невистинити информации беше извршена проверка на посоченото место на граничниот премин Богородица и констатирано е дека таков случај не постои.