Демант од МВР: Партиската, верската или било која друга припадност, не е, ниту ќе биде “критериум“ за професионално напредување во организационите структури на МВР



Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека партиската, верската или било која друга припадност, не е, ниту ќе биде “критериум“ за професионално напредување во организационите структури на МВР.


 

Министерството за внатрешни работи категорично ги демантира шпекулациите што деновиве беа објавени во дел од медиумите, а кои се однесуваат на наводни кадровски промени и назначувања во Единицата за специјални задачи – “Тигар“, односно поставувањето на службеник на командна позиција во оваа единица.

Станува збор за целосна тенденциозна невистина.