Демант од ЦИВИЛ: Бачев измислува!


Наводите во соопштението на партијата Единствена Македонија се потполно невистинити и злонамерни. Премиерот Зоран Заев ја прифати поканата да биде еден од говорниците на конференцијата „Македонски перспективи: Како до Европа?“, како и секогаш, без ниедно дополнително прашање, а да не говориме за некакви условувања.

Според агендата, на конференцијата беа поканети говорнички и говорници од Владата, парламентарните политички партии, граѓанското општество и меѓународната заедница. Во вториот дел беа поканети сите други учесници кои ќе го најават своето учество, што е случај и со Јанко Бачев.

„Точно е дека за време на паузата, Бачев побара збор преку ред и побара да говори повеќе од две минути, иако во општата покана временската рамка за дискусии во вториот дел беше две минути. Јас, како еден од организаторите  му реков дека ќе му дадам две минути, а тој нека говори толку време колку што мисли дека му треба да се искаже. За време на паузата, едноставно, исчезна, што ме изненади, но не е прв пат Бачев да се однесува чудно. Можеби токму тој се исплашил, а потоа решил, сепак, да привлекува внимание што не го заслужува“ – изјави Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ го повикува Јанко Бачев и неговата партија да го повлечат ова апсурдно соопштение и да научат малку повеќе за политичката култура и дијалог. Во секој случај, во духот на отвореноста, Јанко Бачев и неговата партија, без оглед на тоа колку се маргинални и малициозни, ќе бидат поканети на секој нареден настан на организацијата, но секогаш ќе реагираме на лаги, клевети и манипулации. Ги замолуваме медиумите да ја консултираат и другата страна, особено кога се работи за еднострани информации и соопштенија, лишени од факти.

Со околу 100 учесници и повеќе од десет водечки медиуми Конференцијата „Македонски перспективи: Како до Европа?“ предизвика огромен интерес во јавноста и е прв голем настан кој го означи почетокот на важните процеси за македонските интеграции. На конференцијата говореа премиерот Заев, владиниот советник Дане Талески, четири амбасадори, четири политички партии, осум организации на граѓанското општество и еден претставник на бизнис заедницата.

Конференцијата ја организираа ЦИВИЛ и МЦМС, како дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

 


Вести

Мицкоски: Бараме идна и неодложна ревизија на работата на врховните судии

– Бараме идна и неодложна ревизија на работата на врховните судии, без искучок и ревизија на нивните одлуки. Таму каде ќе бидат утврдени неправилности, потребни се оставки, одговорност пред законите. Бараме реформа на Советот за […]

Вести

Се тестира потенцијална вакцина против коронавирусот

Производителот на лекови „Модерна“ од Кембриџ во американската држава Масачусетс испрати на тестирање до државните истражувачи потенцијална вакцина против коронавирусот. Вредноста на акциите на биотехничката компанија се зголеми рано изутринава, само еден ден откако компанијата […]

Вести

Деркоски: Нема да може да се гласа без важечки лични документи

Ниту еден избирач нема да може да гласа без важечки личен документ на предвремените парламентарни избори на 12 април, предупреди денеска претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски, апелирајќи до граѓаните да ги искористат сите […]