Демант: Неиздржана и паушална е изјавата на Цветан Трипуновски


Неиздржана и паушална е изјавата на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, дадена на денешната прес конференција со која  свесно манипулирасо јавноста обидувајќи се  да ја маргинализира оценката дадена од страна на Европската комисија (ЕК) за Поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фито-санитарна политика. Согласно Извештајот на ЕК за 2015 и 2016 за Поглавјето 12, дадена е генерална оцена дека: Земјата има одредено ниво на подготвеност во областа на безбедност на храна, ветеринарнарство и фитосанитарна политика. Постигнат е одреден напредок во оваа област.

 

Имајќи ја превид утврдената методологија на ЕК за оценување на напредокот во процесот на евроинтеграциите, ваквите оцени дадени во 2015 и 2016 та, се многу пониски во споредба со 2017 и 2018 година. Евроинтергативниот процес во 2015 и 2016 година беше маргинализиран и сведен на спроведување на минимални активности.

 

Од таа причина, во текот на 2017 година беше потребен дополнителен напор за постигнување на соодветно ниво на усогласеност на Европското законодавство и негово спроведување.

 

Уште во февруари годинава, на состаноците на експленаторниот скрининг одржан со претставници на Европската комисија, Агенцијата за храна и ветеринарство доби јавно признание за постигнатиот напредок во последните 2 години, посебно во проблематичните области, како што се функционален систем за идентификација и регистрација и спроведување на мерки за здравствена заштита на животните.

Во однос на фитосанитарната политика, каде оценките на ЕК беа критично ниски во изминатите неколку години, на последниот состанок на Поткомитетот за земјоделство и рибарство, Европската комисија истакна дека е постигнато значително подобрување на состојбата и во оваа област.

 

 

Со почит,

Агенција за храна и ветеринарство

 


Балкан

Прв дел од руски ПВО систем испорачан во Србија

На Армијата на Србија днеска и беше испорачан првиот дел од рускиот ПВО систем Панцир С1. Тоа го потврди српскиот министер за одбрана Александар Вулин. Панцир С1 беше донесен со руски транспортен авион. Со таа […]

Балкан

Албанија повторно на „сивата листа“ за перење пари,министерката за правда бара повисоки казни

Албанија повторно се најде на „сивата листа“ за перење пари и други ризици од организиран криминал, од каде беше избришана во 2015 година. Според меѓународната агенција за следење на финансирањето на тероризмот (ФАТФ) додадени седум […]

Вести

Истече рокот за доставување ценовници за платено политичко рекламирање на медиумите

– На полноќ истече рокот за доставување ценовници за платено политичко рекламирање на медиумите за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април 2020 година. Печатените медиуми и интернет-порталите беа должни ценовниците да ги достават […]