ЕВН извести дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови во општина Чучер Сандево и општина Карпош.
Од 09:15 до 11:15 часот, без струја ќе бидат корисниците од објектите на Граничниот премин кон Косово – Блаце и селото Горно Блаце, општина Чучер Сандево.
Без електрична енергија ќе бидат и корисниците од дел од улица Џумајска, (од бр. 1 до бр. 28) во општина Карпош, во периодот од 09:00 до 13:00 часот.