Делегациja од Кабинетот на претседателот оддадe почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила


Делегација од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски по повод 21-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, денеска положи цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров и во Волково, пред спомен-обележјето во село Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје.

 

 

Во состав на делегацијата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, беа полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и Валентин Диневски, посебен советник за безбедност.