Јавната дебата „Зошто да волонтирам” ќе се одржи денеска од 11 до 13 часот во „Europe house“ во Скопје.
Дебатата e дел од проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од Европската Унија, а реализиран од Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село Македонија, Волонтерски Центар Скопје и Здружението „Женски форум“ – Тетово.
На дебатата ќе учествуваат Златко Талевски од Младинскиот културен центар Битола, Нина Даскаловиќ од Министерство за труд и социјална политика – волонтерски оддел, Оливер Андреевски од Центарот за младински активизам Крик, Клементина Добревска од Првата детска амбасада Меѓаши, Анита Гаговска – директор на Порака Нова и Катарина Веијо – волонтер од Финска преку програмата Европски солидарен корпус, кои ќе ги споделат своите сознанија.